ГРЧКИТЕ ВЛАСТИ ИСПРАТИЈА СПАСУВАЧКИ ТИМОВИ НА САНТОРИНИ ПОРАДИ СТРАВУВАЊАТА ОД ГОЛЕМ ЗЕМЈОТРЕС

    ГРЧКИТЕ ВЛАСТИ ИСПРАТИЈА СПАСУВАЧКИ ТИМОВИ НА САНТОРИНИ ПОРАДИ СТРАВУВАЊАТА ОД ГОЛЕМ ЗЕМЈОТРЕСНа островот се поставени шатори на отворени простори (Фото: Катимерини)

    Грчките власти затворија школи и испратија спасувачки тимови, специјални сили, шатори и дронови на островот Санторини откако во областа беа регистрирани стотици тресења. Поради стравувањата дека би можел да уследи голем земјотрес, а со тоа и цунами, луѓето се советуваат да ги избегнуваат крајбрежјето и напуштените згради, да го испразнат базените и да не се собираат во голем број во затворени простори.

    Предупредување е издадено и за неколку околни острови, кои исто така се популарни летни туристички дестинации.

    Ова се мерки од претпазливост. Властите остануваат на штрек. Ги молиме луѓето да се придржуваат до безбедносните препораки“, изјави министерот за цивилна заштита Василис Кикилијас.

    На островот пристигнаа пожарникарски екипи со кучиња-трагачи и се поставени шатори на отворени простори.

    Во изминатите три дена, во областа на Санторини биле регистрирани повеќе од 200 земјотреси, со јачина до 4,7 степени според Рихтеровата скала. Иако експертите велат дека земјотресите не се поврзани со заспаниот вулкан на Санторини, тие признаваат дека образецот на сеизмичката активност е доста загрижувачки.

    Ништо не треба да се исклучи. Бројот на потреси се зголеми, јачината се зголеми, а епицентрите се префрлија на североисток. Иако ова се тектонски земјотреси, а не вулкански, нивото на ризик ескалира“, изјави Костас Папазахос, професор по геофизика на универзитетот „Аристотел“ во Солун.

    На Санторини се случила една од најголемите вулкански ерупции во историјата, Санторини исто така е најпопуларниот грчки остров во Егејското Море и лани привлекол околу 3,5 милиони туристи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира