ГРАЃАНИТЕ ВЧЕРА ПОТРОШИЛЕ 36,95 ОТСТО ПОВЕЌЕ ВО СУПЕРМАРКЕТИТЕ ВО СПОРЕДБА СО МИНАТИОТ ПЕТОК КОГА БЕШЕ ПРВИОТ БОЈКОТ

    ГРАЃАНИТЕ ВЧЕРА ПОТРОШИЛЕ 36,95 ОТСТО ПОВЕЌЕ ВО СУПЕРМАРКЕТИТЕ ВО СПОРЕДБА СО МИНАТИОТ ПЕТОК КОГА БЕШЕ ПРВИОТ БОЈКОТИ вчерашниот бојкот влијаел на прометот на супермаркетите, бидејќи вчера имале за 22,12 отсто помалку во споредба со претходниот ден (четврток). (Фото: СДК.МК)

    Вчера (петок, 7 февруари), осумте најголеми ланци на маркети имале вкупен промет од 181.288.348 денари, што е за 36,95 отсто повеќе во споредба со минатиот петок (31 јануари), кога првпат имаше бојкот, според официјалните бројки на Управата за јавни приходи (УЈП). Сепак, и вчерашниот бојкот влијаел на прометот на супермаркетите, бидејќи вчера имале за 22,12 отсто помалку во споредба со претходниот ден (четврток).

    „Во четврток, 06.02.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 232.791.773 денари, а издадени се 417.866 фискални сметки. Во петок, 07.02.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 181.288.348 денари, а издадени се 346.317 фискални сметки. Кај овој анализиран период кај осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 22,12%. Во петок, 31.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП беше регистриран вкупен промет во износ од 114,293,367 денари. Во петок 07.02.2025 година остварен е за 36,95% поголем промет во однос на претходниот петок 31.01.2025 година“, велат од УЈП.

    Од УЈП додаваат дека при споредбата на регистрираниот промет на крајот на месецот односно деновите 31 јануари и 7 февруари треба да се имаат предвид различните фактори кои можат да влијаат на потрошувачките навики.

    „Еден од тие фактори е тоа што голем дел од граѓаните примаат плата и пензии на почеток од месецот, што создава и промени во нивното потрошувачко однесување“, велат од УЈП.

    Бојкотот на супермаркети се организира на социјалните мрежи, откако вакви бојкоти претходно почнаа во Хрватска, а потоа се проширија и низ регионот поради високите цени на производите.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира