ДЕТСКА АМБУЛАНТА ОТВОРЕНА ВО ПОЛИКЛИНИКАТА „БИТ ПАЗАР“ ВО СКОПЈЕ, ЌЕ РАБОТИ СЕКОЈ ДЕН

    ДЕТСКА АМБУЛАНТА ОТВОРЕНА ВО ПОЛИКЛИНИКАТА „БИТ ПАЗАР“ ВО СКОПЈЕ, ЌЕ РАБОТИ СЕКОЈ ДЕНВо педијатриската амбуланта ќе има специјалист педијатар, медицинска сестра и лаборант. (Фото: К. Попов)

    Педијатриски пункт е отворен во Поликлиниката „Бит Пазар“ во Скопје, кој ќе работи секој ден од 19:30 часот до 7:30 часот, а во недела 24 часа, кажа денеска директорот на Здравствен дом Скопје, Самир Исени. Во амбулантата има и лабораторија за основни анализи.

    Во педијатриската амбуланта ќе се прегледуваат деца до 14 години од Скопје и околните населени места, ќе има специјалист педијатар, медицинска сестра и лаборант.

    „Овој проблем беше евидентен. Многу деца одеа на прегледи на Клиниката за детски болести и ги викнав директорите на Здравствен дом и на Клиниката да најдеме решение за тие кои се полесни случаи. Единаесет педијатри од Здравствен дом Скопје ќе ги прегледуваат децата во ‘Бит Пазар‘, а секако дека сите покомплицирани случаи ќе бидат испратени на Клиника“, рече министерот за здравство Арбен Таравари.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира