БРИТАНСКИОТ ПРЕМИЕР СТАРМЕР ИЗЈАВИ ДЕКА Е СПРЕМЕН ДА ИСПРАТИ МИРОВНИ ТРУПИ ВО УКРАИНА

    БРИТАНСКИОТ ПРЕМИЕР СТАРМЕР ИЗЈАВИ ДЕКА Е СПРЕМЕН ДА ИСПРАТИ МИРОВНИ ТРУПИ ВО УКРАИНАСтармер кажа дека Британија може да игра водечка улога во обезбедувањето безбедносни гаранции за Украина (Фото: ПА)

    Британскиот премиер Кир Стармер е првиот европски лидер кој објави дека би можел да испрати мировни трупи во Украина. Тој се огласи во пресрет на почетокот на мировните разговори за Украина и вонредниот состанок на европските лидери во Париз.

    Стармер, кој следната недела треба да се сретне со Доналд Трамп во Вашингтон, изјави дека Европа се соочува со безбедносна ситуација што се случува еднаш во животот и мора тесно да соработува со САД. Тој кажа дека Велика Британија може да игра водечка улога во обезбедувањето безбедносни гаранции за Украина, вклучувајќи испраќање трупи, ако биде потребно.

    „Крајот на војната не треба да биде само привремена пауза пред Путин повторно да нападне“, напиша Стармер за весникот „Дејли телеграф“.

    Британија не е членка на ЕУ, но е еден од најголемите европски поддржувачи на Украина и, меѓу другото, ѝ има дадено проектили со долг дострел.

    Германскиот пратеник Јирген Харт изјави дека и Германија би можела да биде дел од мировна мисија во Украина заради одржување на примирјето и мирот, а вакви најави доаѓаат и од Шведска.

    Мировни сили би го зголемиле ризикот од директен судир помеѓу Русија и европските војски, чии резерви на оружје се значително намалени поради поддршката за Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира