Советникот Костадин Костадинов ќе ја извршува градоначалничката функција на Oпштина Струмица до следните локални избори кои треба да се одржат во првата половина на мај. Тој на ова позиција дојде откако си поднесе оставка од функцијата заменик-градоначалник и го извести Советот дека се враќа како советник, со што коалицијата на СДСМ повторно доби 12 советника во Советот.
Во меѓувреме, Владата од 18 јануари годинава констатирала престанок на градоначалничката функција на Зоран Заев кој беше избран за пратеник, и во законскиот рок од 30 дена побара Советот на Oпштина Струмица да избере в.д. градоначалник од редот на советниците. Со 12 гласа за, претседателот Костадинов беше именуван за в.д. градоначалник
Советниците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на изборот на в.д. градоначалник. Тие седницата ја напуштија пред усвојувањето на дневниот ред, бидејќи сакаа за изборот да се расправа на стартот од закажаната седница. Откако нивниот предлог не помина, станаа и си заминаа. Тие претходно побараа автентично толкување од Министерството за локална самоуправа дали Костадин Костадинов може да гласа, бидејќи на дел од предложените точки од дневниот ред на седницата се јавува во улога на предлагач.
До изборот на в.д. градоначалник, советниците од коалицијата на СДСМ на седницата ја усвоија завршната сметка на Општината за 2016, но и извештаите за реализацијата на програмите.
В. ТРАЈКОВ