Железничкиот сообраќај во Македонија од вчера е во прекин затоа што вработените во „Македонски железници – Транспорт“ бараат исплата на платата за јануари 2017 година, објави агенцијата Мета.
Претседателот на Независниот синдикат на машиновозачи и железничари Латко Јовановски изјави дека целосно е во прекин движењето на патничките и на товарните возови на македонските пруги.
„Македонски Железници – Транспорт“ вчера информираше дека на вработените ќе им го исплати веднаш вториот дел од платата за декември 2016, а до крајот на месецот ќе ја исплати платата за јануари 2017 година.
„Вториот дел за декември е исплатен, бараме исплата на јануарската плата“, изјави денеска Јовановски, додавајќи дека за штрајкот имаат поддршка од останатите синдикати на железницата.