Најмалку едно лице загина откако автомобил се заби во пешаци во центарот на германскиот град Манхајм. Овој инцидент следува само две недели по сличен напад во Минхен, кога загинаа двајца луѓе.
Видео објавено на социјалните мрежи покажува повредени луѓе како лежат на земја. Еден локален сајт објави дека во инцидентот учествувал црн џип, кој со голема брзина удрил во група луѓе и дека возачот е уапсен.
Полицијата не објави детали, освен што ги советуваше луѓето да го избегнуваат центарот на градот.