За нов в. д. директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип е назначен актерот Пеце Ристевски, откако претходниот директор Филип Стевановски загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март каде како музичар беше дел од групата „ДНК“. Стевановски беше именуван за директор во јануари.
Ристевски дипломирал во 2003 на Националната академија за театар и филм во Софија. Се врати во Македонија и по краток престој и работа во Битолскиот театар се пресели во Штип и како актер на Народниот театар досега одиграл стотина улоги.
Т. ЈОВАНОВСКИ