ВО ВЕЛЕС БЕСПЛАТНО ПОДЕЛЕНИ 60.000 ЈАЈЦА ЗА ВЕЛИГДЕН И БОЈА ЗА ВАПСУВАЊЕ

    ВО ВЕЛЕС БЕСПЛАТНО ПОДЕЛЕНИ 60.000 ЈАЈЦА ЗА ВЕЛИГДЕН И БОЈА ЗА ВАПСУВАЊЕГраѓаните трпеливо чекаа во ред за јајца (Фото:СДК.МК)

    Во Велес, во Младинскиот парк, денес  бесплатно беа поделни две илјади табли со јајца, или 60.000 јајца, наменски за Велигден. Оваа донација беше од страна на двајца велешани кои живеат и работат во САД и имаат компанија за камионски превоз на стока.

    „Целта ни беше  граѓаните да можат да ги почувстуваат радостите на Велигден. Би сакале ова дарување да го пораснеме во традиција, со повеќе компании за поголем број граѓани во наредните години“, велат донаторите од компанијата Шилер.

    Граѓаните трпеливо во редица чекаа да подигнат табла јајца, која на пазар чини 300 денари. Со неа добиваа и ќесичка фарба за вапсување.

    Ова е втора година како се организира истата акција.

    Во овој период во Младинскиот парк, имаше забава за децата, организаторите поставија два замоци на надувување, каде тие можеа да играаат.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира