На местото кадешто во Охридското езеро се влива реката Сатеска се создадоа две островчиња. Овие земјени наноси се појавија по наглото намалување на нивото на на езерото, но и од отпадот што се собира на овој дел од струшкиот брег.
„Нечистата вода, поради недостаток на кислород го уништува живот свет во езерото на поширок простор. Тука со години не може да се забележат риби, ниту водени растенија што опстојувале на тој дел. Одамна се зборува за пренасочување на Сатеска во старото корито со што таа би се вливала во Дрим, во близина на главната пречистителна станица за заштита на Охридското езеро од отпадни води, но од тоа засега нема ништо“, вели охридски екологист.
Сатеска во 1961 година беше пренасочена да се влива во делот на езерото на струшкиот брег.
Пред тоа оваа река се влеваше во Црн Дрим во близина на селото Враништа. Извира од Илинска планина.
Од Управата за хидрометеорошки работи велат дека нивото на езерото сега изнесува 693,12 или два сантиметри над дозволениот минимум од 693,10 метри и пет сантиметри под оптималното ниво од 693,17 метри.