НА АМЕРИКАНСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА ВНАТРЕШНА БЕЗБЕДНОСТ Ѝ УКРАЛЕ ЧАНТА ВО РЕСТОРАН, ВО НЕА ИМАЛО 3.000 ДОЛАРИ

    НА АМЕРИКАНСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА ВНАТРЕШНА БЕЗБЕДНОСТ Ѝ УКРАЛЕ ЧАНТА ВО РЕСТОРАН, ВО НЕА ИМАЛО 3.000 ДОЛАРИКристи Ноем кажа дека случајот и натаму не е решен (Фото: Гети)

    Чанта на американската министерка за внатрешна безбедност (ДХС) Кристи Ноем, во која имало 3.000 долари во готовина, била украдена додека таа била на вечера во ресторан во Вашингтон. Ноем потврди дека била цел на грабеж, додавајќи дека случајот и натаму не е решен.

    Покрај парите, во чантата имало и лични предмети на Ноем, вклучувајќи возачка дозвола, пасош и значка на ДХС.

    Некогашната гувернерка на Јужна Дакота вечерала во популарниот ресторан „Капитал бургер“, при што чантата ѝ била до нозете под масата, објави Си-Би-Ес. Тајната служба покренала истрага за инцидентот.

    Како и останатите владини функционери, и Ноем ја штити Тајната служба и членови на безбедносниот тим биле во ресторанот во моментот на кражбата, изјавија властите за Си-Би-Ес.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира