ДЕВЕТМИНА ЗАГИНАТИ ОТКАКО ВОЗИЛО ВЛЕТА НА УЛИЧНИОТ ФЕСТИВАЛ ВО ВАНКУВЕР, ПОЛИЦИЈАТА ВЕЛИ НЕ Е ТЕРОРИЗАМ

    ДЕВЕТМИНА ЗАГИНАТИ ОТКАКО ВОЗИЛО ВЛЕТА НА УЛИЧНИОТ ФЕСТИВАЛ ВО ВАНКУВЕР, ПОЛИЦИЈАТА ВЕЛИ НЕ Е ТЕРОРИЗАМСведок рече дека возачот се обидел да бега, но го бркале посетителите на фестивалот и го држеле до ограда околу 10 минути додека не дошла полицијата. (Фото: АП)

    Деветмина загинаа во Ванкувер откако возач со црн џип влетал во масата народ на филипински уличен фестивал во западниот канадски град, соопшти полицијата. 30-годишнот возач е уапсен и ѝ бил познат на полицијата во одредени околности.

    „Во моментов, може да потврдиме дека девет лица загинаа откако маж возел низ толпата на синоќешниот фестивал Лапу Лапу. Нашите мисли се со сите погодени од овој трагичен инцидент“, соопшти полицијата на Ванкувер во објавата на X.

    Полицијата вели дека е уверена оти инцидентот не бил терористички чин.

    Сведок, кој не сакаше да биде идентификуван, рече дека видел околу 15 луѓе како лежат на земја откако црниот џип втурнал во толпата. Сведокот рече дека возачот се обидел да бега, но го бркале посетителите на фестивалот и го држеле до ограда околу 10 минути додека не дошла полицијата.

    Фестивалот се одржуваше во една населба во Јужен Ванкувер. Видеото објавено на социјалните мрежи покажува жртви и остатоци расфрлани по долг пат, при што најмалку седум луѓе лежат неподвижни на земја. Црн џип со згмечен преден дел може да се види на фотографиите од местото на настанот.

    Џегмит Синг, лидер на опозициската канадска Нова демократска партија, беше меѓу присутните на настанот, но заминал неколку минути пред да дојде возилото. Весникот „Ванкувер сан“ објави дека илјадници луѓе биле во областа.

    Федералните избори во Канада се одржуваат утре (28 април). Шефот на полицијата рече дека не знае дали инцидентот има врска со претстојните федерални избори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира