УКРАДЕНО ВОЗИЛО НА АРМ ОД АВТОСЕРВИС ВО ГАЗИ БАБА

    УКРАДЕНО ВОЗИЛО НА АРМ ОД АВТОСЕРВИС ВО ГАЗИ БАБАВозилото било оставено на поправка во сервис во Гази Баба. (Архивска фотографија)

    Товарно возило „ивеко дејли-фургон“, сопственост на Армијата на Република Северна Македонија (АРМ) било украдено од автосервис во скопската населба Гази Баба во текот на ноќта меѓу 27 и 28 април, соопшти МВР.

    Според пријавата поднесена утрово (28.04.2025) во 08:40 часот во СВР Скопје од С. А., од автосервисот каде што возилото било оставено на поправка, биле украдени и регистарски таблички од патничко возило „мазда“, кое што исто така било донесено на сервис.

    Полицијата вели дека се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и табличките и за целосно расчистување на случајот.

    Во ноември 2018, од сервис беше украден камион за собирање ѓубре на скопското јавно претпријатие „Комунална хигиена“. Полицијата го најде пет месеци по кражбата, оставено на пат во Старо Нагоричане.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира