ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ПОЧНА ДА ПОВИКУВА ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ РЕЗЕРВИСТИ ЗА НОВА ПРОШИРЕНА ОФАНЗИВА ВО ГАЗА

    ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ПОЧНА ДА ПОВИКУВА ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ РЕЗЕРВИСТИ ЗА НОВА ПРОШИРЕНА ОФАНЗИВА ВО ГАЗАМеѓународните преговори не резултираа со нов договор за примирје и ослободување на преостанатите 59 заложници (Фото: Гети)

    Израелската војска започнала да повикува десетици илјади резервисти заради засилување и проширување на своите операции во Газа. Војската вели дека ќе го засили притисокот со цел да се вратат заложниците и да се поразат милитантите на Хамас.

    Според планот, војската ќе дејствува во нови области и ќе ја уништи целата инфраструктура на Хамас под и над земја“, соопштија Израелските одбранбени сили.

    Израелските медиуми објавија дека владата веќе ја одобрила проширената офанзива во Газа, но таа немала да почне пред посетата на Доналд Трамп на регионот следната недела.

    Меѓународните преговори не резултираа со нов договор за примирје и ослободување на преостанатите 59 заложници, од кои само 24 биле живи. Ниеден израелски заложник не е пуштен откако Израел ги обнови борбите на 18 март, по пропаѓањето на двомесечното примирје. Израел во меѓувреме зазеде големи делови од Газа и повторно расели стотици илјади Палестинци, на кои притоа им е блокирана хуманитарната помош.

    Проширувањето на офанзивата ќе изврши нов притисок врз веќе исцрпените резервисти, од кои некои се регрутирани пет-шест пати од почетокот на војната и ќе им донесе нова загриженост на семејствата на заложниците, кои ја повикаа владата да постигне договор со Хамас, сметајќи дека тоа е единствениот начин да се спасат оние кои се живи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира