АДВОКАТОТ НА ПАНЧЕВСКИ ОБВИНИ ЗА ЛИНЧ ВРЗ НЕГОВИОТ КЛИЕНТ ПО СУДЕЊЕТО ЗА МОБИНГ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АДВОКАТОТ НА ПАНЧЕВСКИ ОБВИНИ ЗА ЛИНЧ ВРЗ НЕГОВИОТ КЛИЕНТ ПО СУДЕЊЕТО ЗА МОБИНГ

    Судењето по тужба за мобинг против поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски, поднесена од поранешниот шеф на одделот за човечки ресурди во Судот Горан Стаменковски, пак се одложи во Основниот суд Скопје 2.

    Одложувањето го побара адвокатскиот тим на тужителот бидејќи одговорот на тужбата од одбраната, кој бил доставен пред неколку дена, го доби на рака денеска во судницата, па побара време да го разгледа. Истовремено, адвокатите на Стаменковски го квалификуваа ова како обид за одолговлекување на судењето од страна на тужениот Панчевски.

    Одбраната на Панчевски по завршување на денешната средба во судницата обвини за хајка против нивниот клиент, кој повторно не се појави на закажаното судење. Овојпат, неговиот адвокат Митко Солаков рече и дека новинарите придонесуваат во, како што кажа, линчот против поранешниот претседател на Кривичниот суд.

    Судењето треба да продолжи на 16 март.

    С. К. Делевска

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира