Ученичка во основно школо на Бит Пазар во Скопје им дала 25.000 евра на соученици за да не го тепаат нејзиниот помал болен брат, соопшти Министрството за внатрешни работи (МВР). Случајот го пријавил 52-годишниот татко, половина час по полноќ на 9 мај.
„Во 00.30 часот во СВР Скопје, 52-годишник од Скопје пријавил дека неговата малолетна ќерка, ученичка во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, подолг период добивала закани од двајца соученици дека физички ќе го нападнат нејзиниот помал брат, кој е лице со здравствени проблеми, доколку не им даде пари. Според пријавеното, таа била принудена и во повеќе наврати им давала пари, при што од домот одзела вкупно 25.000 евра“, соопшти МВР.
Од таму велат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.