ВЛАДАТА НА ТРАМП МУ ЗАБРАНИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ХАРВАРД ДА ЗАПИШУВА СТРАНСКИ СТУДЕНТИ

    ВЛАДАТА НА ТРАМП МУ ЗАБРАНИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ХАРВАРД ДА ЗАПИШУВА СТРАНСКИ СТУДЕНТИРечиси 7.000 странски студенти биле запишани на Харвард минатата академска година (Фото: Гети)

    Администрацијата на Доналд Трамп му забрани на Харвард да запишува странски студенти, ескалирајќи го спорот со најстариот универзитет во Америка.

    Секретарката за домашна безбедност Кристи Ноем напиша на Икс дека владата го укинала сертификатот на Програмата за странски студенти и размена на Харвард како резултат на неговиот неуспех да се придржува до законот.

    Ова нека послужи како предупредување за сите универзитети и академски институции низ земјата“, напиша таа.

    Харвард го нарече потегот „незаконски“.

    Речиси 7.000 странски студенти биле запишани на Харвард минатата академска година, покажуваат податоците на универзитетот, што сочинува 27,2% од неговите студенти.

    Американската влада минатиот месец му се закани на Харвард со забрана на прием на странски студенти откако оттаму кажаа дека нема да потклекнат пред барањата на Трамп и беа замрзнати федерални средства за институцијата од 2,2 милијарди долари.

    Белата куќа претходно испрати листа на барања до Харвард, чија цел е борба против антисемитизмот во кампусот. Тие вклучуваа промени во управувањето, праксите на вработување и во процедурите на запишување. Харвард ги одби барањата и ја обвини Белата куќа дека се обидува да го стави под своја контрола.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира