ЕРУПТИРАШЕ ВУЛКАНОТ ЕТНА, ОБЛАКОТ ОД ЧАД Е ВИСОК НЕКОЛКУ КИЛОМЕТРИ

ЕРУПТИРАШЕ ВУЛКАНОТ ЕТНА, ОБЛАКОТ ОД ЧАД Е ВИСОК НЕКОЛКУ КИЛОМЕТРИВо вулканот се регистрирани силни и речиси континуирани експлозии (Фото: Икс)

Највисокиот активен вулкан во Европа, Етна, повторно еруптираше денеска и италијанските медиуми објавија дека облакот од чад е висок неколку километри.

„Во изминатите неколку часа, активноста на вулканот продолжи со експлозии со растечки интензитет, кои во моментов се силни и речиси континуирани“, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.

Новинската агенција „АНСА“ објави дека дел од југоисточниот кратер се урнал поради експлозиите и дека оттаму почнала да излегува фонтана од лава.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира