МАЛОЛЕТНИК ИЗБОДЕЛ 55-ГОДИШНИК ВО СТУДЕНИЧАНИ, ОДРЕДЕН МУ Е ПРИТВОР ЗА ОБИД ЗА УБИСТВО

    МАЛОЛЕТНИК ИЗБОДЕЛ 55-ГОДИШНИК ВО СТУДЕНИЧАНИ, ОДРЕДЕН МУ Е ПРИТВОР ЗА ОБИД ЗА УБИСТВОМалолетникот кој го извршил нападот бил уапсен и однесен во полициската станица во Драчево, a потоа е спроведен во затворот во Шутка. (архивска фотографија)

    На 16-годишник му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, откако со нож нападнал и тешко повредил 55-годишен маж во скопското село Студеничани, соопшти МВР. Јавен обвинител за малолетници го товари за кривично дело убиство во обид.

    Според полицискиот извештај, нападот се случил вчера околу 20 часот во близина на џамијата во селото. Повредениот Р.К. (55) го пријавил случајот во полиција по полноќ, наведувајќи дека бил физички нападнат од двајца шеснаесетгодишници.

    На инцидентот му претходела вербална расправија, при што малолетниците му упатиле закани по живот на оштетениот. Потоа, еден од нив извадил нож, се затрчал кон 55-годишниот маж и му нанел неколку убодни рани.

    Повредениот бил пренесен во ГОБ „Свети Наум Охридски“ каде лекарите констатирале тешки телесни повреди и го задржале на понатамошно лекување.

    Полицијата извршила увид на местото на настанот, а по насоки на надлежен јавен обвинител, малолетникот кој го извршил нападот бил лишен од слобода и однесен во полициската станица во Драчево. По одредувањето на мерката притвор, тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира