Детскиот лавиринт во Градскиот парк е обраснат со трева. Патеките низ кои трчаат децата се со трева до колена и постои опасност од убоди од крлежи.
Не е искосена ниту тревата во паркот наоколу, иако тој секојдневно е полн со посетители. Дел од клупите се скршени и стои расфрлено ѓубре.
Овој дел од паркот се наоѓа пред канцеларија на градоначалничката Данела Арсовска и службите на Градот.
Од ЈП „Паркови и зеленило“ до објавување на текстот не добивме одговор зошто иако сме јуни тревата во паркот и во лавиринтот уште не е искосена.
А. АНТЕВСКА