Со настап на легендарниот македонски бенд „Леб и сол“, во чиј актуелен состав се басистот Бодан Арсовски, клавијатуристот Кокан Димушевски, тапанарот Михаил Парушев и гитаристот Димитар Божиков, синоќа во античкиот локалитет Хераклеја во Битола, беше отворено 17. издание на Битолското културно лето „Битфест“. Со концертот бендот во Битола одбележа и 50 години музичка кариера.
„Убав народ дојде на Хераклеја, бевме понесени од нивната енергија. Среќа е што ја имаме Битола каде остана публика која слуша квалитетна музика“ изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК гитаристот Божиков.
„Леб и сол ги свиреше хитовите „Јовано, Јованке“, Учи ме мајко, карај ме“ и други, a на бис и „Распукала е Шар Планина“.
Ж. ЗДРАВКОВСКА