ГРЦИЈА ВОВЕДЕ НОВА ДАВАЧКА ОД 5 И 20 ЕВРА ЗА ТУРИСТИТЕ КОИ ПАТУВААТ СО КРУЗЕРИ

    ГРЦИЈА ВОВЕДЕ НОВА ДАВАЧКА ОД 5 И 20 ЕВРА ЗА ТУРИСТИТЕ КОИ ПАТУВААТ СО КРУЗЕРИНовата давачка ќе биде во сила од 1 јуни до 30 септември - Крузер на пристаништето во Миконос (Фото: СДК.МК)

    Грција од денеска воведе нов данок за туристите кои патуваат со крузери, што е дел од пошироката национална стратегија да се зачуваат локалната животна средина и културното наследство.

    За патувањата на Санторини и Миконос ќе се плаќаат дополнителни 20 евра по патник, што во иднина ќе биде во сила од 1 јуни до 30 септември. За останатите острови ќе се наплатува давачка од пет евра во истиот период.

    Санторини и Миконос се меѓу најпосетените острови на Медитеранот и иако тие одамна се редовна станица за крузери, бројот на туристи дополнително се зголеми во изминатите години, поради што се појавија проблеми како недостиг на вода и деградирање на животната средина.

    Патувањата со крузери стануваат сѐ попопуларни и приходите во овој сектор пораснале за 22,4% во минатата година. Според ланската статистика, новата давачка ќе ѝ донесе на грчката економија 45 милиони долари годишно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира