НЕ САКАМ ДА УМРАМ НА СНИМАЊЕ И ЗАТОА МИСЛАМ ДЕКА МИ Е ДОСТА ОД ГЛУМАТА, РЕЧЕ МАЈКЛ ДАГЛАС

    НЕ САКАМ ДА УМРАМ НА СНИМАЊЕ И ЗАТОА МИСЛАМ ДЕКА МИ Е ДОСТА ОД ГЛУМАТА, РЕЧЕ МАЈКЛ ДАГЛАСДаглас на фестивалот во Карлови Вари доби почесен Кристален глобусза 50-годишнината од „Лет над кукавичјото гнездо“ на Форман што тој го продуцираше и во 1976 доби Оскар за најдобар филм. (Фото: Гети)

    Двократниот Оскаровец Мајкл Даглас вели дека најверојатно завршил со актерската кариера и оти нема  намера да се врати во филмскиот свет. Легендарниот 80-годишен актер гостува на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, Чешка, и говорејќи на 50-годишнината од филмот „Лет над кукавичјото гнездо“ на Милош Форман на кој работеше како копродуцент, рече дека нема да глуми „сѐ додека не се појави нешто навистина посебно“.

    „Имав навистина богата кариера речиси 60 години и не сакам да бидам од оние кои умреле на снимање“, рече актерот на прес-конференцијата во Карлови Вари.

    Даглас доби почесен Кристален глобус на проекцијата на реставрираната верзија на „Лет над кукавичјото гнездо“, кој во 1976 доби Оскар за најдобар филм.

    „Среќен сум што одморам. Но, не велам дека сум во пензија, бидејќи ако излезе нешто навистина посебно, ќе се вратам. Како и да е, сега сум среќен. Уживам да гледам како работи мојата сопруга“, рече Даглас кој е во брак со актерката Кетрин Зета-Џонс.

    Во 2010, Даглас примаше хемотерапија и радијација откако му беше дијагностициран рак на грлото во четврти стадиум. На прес-конференцијата кажа и дека имал среќа што не била потреба операција, што ќе значело дека треба да му се отстрани дел од вилицата и немало да може да зборува, а тоа, како што рече,  ќе „беше големо ограничување за мојата кариера“.

    Неговата последна улога беше во ТВ-серијата „Франклин“ на „Епл ТВ +“, каде го играше Бенџамин Франклин. Серијата се снимаше во 2022, а излезе во 2024.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира