НОВИНАРИ НАТЕПАНИ ПО МИТИНГОТ НА ГРАЃАНИТЕ „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НОВИНАРИ НАТЕПАНИ ПО МИТИНГОТ НА ГРАЃАНИТЕ „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“

    Новинар и камерман беа натепани вечерва откако заврши маршот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во близина на Порта Македонија. Повредените беа однесени со возило на Брза помош.

    Силеџиите што ја нападнаа новинарската екипа бегаат во толпата по нападот врз новинарите (Фото: СДК.МК)

    Силеџиите што ја нападнаа новинарската екипа бегаат во толпата по нападот врз новинарите (Фото: СДК.МК)

    САКАМДАКАЖАМ.МК во овој момент не може да потврди за чија новинарска екипа станува збор. Напаѓачите брзо се изгуби во толпата која полека го напушташе просторот пред Собранието на Македонија.

    Маршот почна пред зградата на Владата и заврши пред Собранието. Патем, демонстрантите поминаат покрај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Таму актерот Ванчо Петрушевски прочита повик до раководството на ВМРО-ДПМНЕ да им се придружи на граѓаните.

    Денеска освен во Скопје, маршеви имаше и во Куманово, Прилеп, Штип и Кичево. Според организаторите овие маршеви се организираат за, како што велат, одбрана на унитарна и заедничка Македонија. Учесниците се против владина коалиција на СДСМ и ДУИ, како и за неприфаќање на албанската платформа.

    Протестите почнаа вчера, еден ден по фејсбук статусот и интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој изјави дека Македонија е нападната и го повика народот да ја зачува Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира