ПРИПАДНИК НА АРМИЈАТА УБИЕН ВО СКОПСКО БАТИНЦИ, НАПАЃАЧОТ ПУКАЛ ВО НЕГОВИОТ АВТОМОБИЛ ДОДЕКА БИЛ ВО ДВИЖЕЊЕ

    ПРИПАДНИК НА АРМИЈАТА УБИЕН ВО СКОПСКО БАТИНЦИ, НАПАЃАЧОТ ПУКАЛ ВО НЕГОВИОТ АВТОМОБИЛ ДОДЕКА БИЛ ВО ДВИЖЕЊЕИнцидентот бил пријавен во СВР Скопје околу 10:15 часот. (архивска фотографија)

    Педесетгодишен припадник на Армијата со иницијали А. М. од скопското село Батинци е убиен утринава, откако во него било пукано со огнено оружје додека управувал автомобил „киа“ на влезот во селото. Од Армијата потврдија дека починатиот е нивен припадник и информираа дека за време на трагичниот настан тој не бил на служба, односно користел слободен ден.

    Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), инцидентот бил пријавен во СВР Скопје околу 10:15 часот. Во пријавата стои дека лице со иницијали М. Џ. пукало кон возилото кое било во движење.

    „А. М. (50) се здобил со прострелни рани во пределот на градниот кош и бил пренесен во болницата ‘Св. Наум Охридски’ за укажување на лекарска помош, каде во 11:00 часот од страна на доктор била констатирана смрт“, соопштија од МВР.

    Од Армијата изразија длабока жалост до семејството на починатиот.

    „На лице место е излезен јавен обвинител, органи на МВР и дежурна служба на Воената полиција“, се додава во соопштението на АРМ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира