ДАРКО ЈАКИМОВСКИ И ВЛАДИМИР МИЛОШЕСКИ ИЗБРАНИ ЗА ВИШИ ОБВИНИТЕЛИ, НАТАША ПОП ТРАЈКОВА И КАТЕРИНА КОЛАРЕВИЌ ОСТАНУВААТ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ

    ДАРКО ЈАКИМОВСКИ И ВЛАДИМИР МИЛОШЕСКИ ИЗБРАНИ ЗА ВИШИ ОБВИНИТЕЛИ, НАТАША ПОП ТРАЈКОВА И КАТЕРИНА КОЛАРЕВИЌ ОСТАНУВААТ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛЈакимовски е познат во јавноста како обвинителот што го водеше случајот за автобуската несреќа кај Ласкарци и предметот за обидот за убиство на Зијадин Села при упадот во Собранието на 27 април 2017 година. (Фото: СДК.МК)

    Советот на јавни обвинители на денешната седница едногласно ги избра Дарко Јакимовски и Владимир Милошески за нови членови на Вишото јавно обвинителство Скопје. Двајцата досега работеа како обвинители во Основното јавно обвинителство Скопје.

    За овие две позиции имаше вкупно девет кандидати. Покрај избраните Јакимовски и Милошески, за изборот се кандидираа обвинителите Александар Маркоски, Марија Ѓоргева, Сања Бурјакоска Китановска, Зоран Маркоски, Љубомир Лапе, Јасмина Костеска Здравеска и Спасенка Андонова.

    Јакимовски е познат во јавноста како обвинителот што го водеше случајот за автобуската несреќа кај Ласкарци и предметот за обидот за убиство на Зијадин Села при упадот во Собранието на 27 април 2017 година. Владимир Милошески, пак, го застапуваше обвинението во случајот познат како „Поткуп“.

    На истата седница, Советот на јавни обвинители едногласно ги избра и Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ за јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Тие и досега беа дел од ова обвинителство.

    За овие две места конкурираа вкупно шест обвинители, меѓу кои и Александар Маркоски, Дејан Петрески, Зоран Маркоски и Ана Стојковиќ Димитровска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира