ТРАМП ЌЕ ИМ ИСПРАТИ ПИСМО ЗА НОВАТА ЦАРИНА НА 150 ПОМАЛИ ДРЖАВИ, ЌЕ БИДЕ ИСТА ЗА СИТЕ

    ТРАМП ЌЕ ИМ ИСПРАТИ ПИСМО ЗА НОВАТА ЦАРИНА НА 150 ПОМАЛИ ДРЖАВИ, ЌЕ БИДЕ ИСТА ЗА СИТЕТрамп навести дека основната царина би можела да се зголеми од 10% на 15-20% (Фото: АП)

    Доналд Трамп кажа дека истовремено ќе им испрати писмо на 150 помали држави, во кое ќе ги извести за новите царини што ќе им бидат наметнати.

    „Царината ќе биде иста за сите држави од таа група. Тоа не се големи држави и со нив немаме толку многу бизнис. Не како со Кина или Јапонија“, кажа Трамп.

    Моментално, сите држави плаќаат дополнителна основна царина од 10%, што Трамп ја воведе во април. Тој претходно навести дека оваа основна царина би можела да изнесува 15-20%, но тоа не го спомна вчера.

    Трамп веќе испратил 20-ина писма со кои известил одделни трговски партнери за новите царини, како Европска Унија, Јапонија и Јужна Кореја. Овие царини треба да стапат во сила на 1 август. Сепак, постои скепса дека царините навистина ќе профункционираат на овој датум поради нивниот можен ефект врз американската економија, а со самото тоа и врз рејтингот на Трамп.

    Тој се закани со царини од 30% за целиот увоз од ЕУ, додека највисоката царина од 55% е предвидена за Кина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира