ОПШТИНА ЦЕНТАР ГО РАСЧИСТИ ПАРКОТ СПРОТИ „НОВА МАКЕДОНИЈА“ КОЈ СО МЕСЕЦИ БЕШЕ ПРЕТВОРЕН ВО ДИВА НАСЕЛБА

    ОПШТИНА ЦЕНТАР ГО РАСЧИСТИ ПАРКОТ СПРОТИ „НОВА МАКЕДОНИЈА“ КОЈ СО МЕСЕЦИ БЕШЕ ПРЕТВОРЕН ВО ДИВА НАСЕЛБАЖителите пријавиле во Општината случаи на нарушување на јавниот ред и мир, поставени шатори и физички пресметки.(Фото: Општина Центар)

    Општина Центар во придружба на полиција денеска го расчисти Паркот на новинарите спроти зграда на поранешна „Нова Македонија“ кој со месеци беше претворен во дива населба.

    Низ паркот беа поставени импровизирани живеалишта, беше затрупан со отпад и тука живееја неколку семејства со мали деца. Жителите од околните згради велат дека покрај што просторот е узурпиран и претворен во депонија, движењето низ него било небезбедно бидејќи луѓето кои живееле тука ги напаѓале минувачите.

    Акцијата беше спроведена по теренска проценка и по пријава од страна на центарци, кои изразија сериозна загриженост за безбедноста и изгледот на просторот. Жителите пријавија случаи на нарушување на јавниот ред и мир, поставени шатори и физички пресметки, за кои постојат и видео снимки кои се доставени до Општината.На терен беше затекнато и едно лице со посебни потреби, што дополнително ја нагласува потребата од институционална поддршка. Иако Министерството за социјална политика, демографија и млади не беше дел од денешната акција, сметаме дека е морално и неопходно да се вклучи во понатамошниот процес за да се обезбеди соодветна грижа за ранливите категории“, изјави градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира