КОПЕНХАГЕН ЌЕ ЈА ТРГНЕ СТАТУАТА НА ГОЛЕМАТА СИРЕНА ПО КРИТИКИТЕ ДЕКА Е ПОРНОГРАФСКА

    КОПЕНХАГЕН ЌЕ ЈА ТРГНЕ СТАТУАТА НА ГОЛЕМАТА СИРЕНА ПО КРИТИКИТЕ ДЕКА Е ПОРНОГРАФСКААвторот на 14-тонската скулптура Петер Бех вели дека не може да ги разбере критиките (Фото: Алами)

    Во Данска се разви дебата околу судбината на статуа на сирена, која ќе биде отстранета од јавен простор откако некои критичари ја опишаа како грда и порнографска. Данската агенција за палати и култура планира да ја тргне скулптурата „Големата сирена“ од Драгер Форт, дел од некогашните поморски утврди на Копенхаген, зашто не е во согласност со културното наследство на обележјето од 1910 година.

    „Статуа на жешкиот сон на еден маж за тоа како треба да изгледа жена веројатно нема да го промовира прифаќањето на сопственото тело кај многу жени. Навистина е охрабрувачки што многумина ја сметаат статуата за вулгарна, непоетска и непожелна, бидејќи се задушуваме во претерани тела на јавен простор“, напиша Сорине Готфредсен, новинарка на весникот „Берлингске“.

    Авторот на 14-тонската скулптура Петер Бех вели дека не може да ги разбере критиките, додавајќи дека градите на камената сирена се со пропорционални димензии за големината на статуата.

    Таа првично беше поставена на пристаништето на Копенхаген во 2006 близу попознатата „Мала сирена“, но беше отстранета во 2018 поради жалбите на локалните жители дека е „лажна и вулгарна сирена“. Потоа беше преместена во Драгер Форт, но сега и оттаму ќе биде тргната. Општината Драгер ја одби понудата на Бех статуата да биде донирана.

    „Едноставно, тешко се вклопува. Бара многу простор“, изјави Хеле Барт од локалната власт на Драгер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира