СРПСКИОТ МИНИСТЕР ДАРКО ГЛИШИЌ ДОЖИВЕА МОЗОЧЕН УДАР ДОДЕКА ГОСТУВАШЕ НА ТЕЛЕВИЗИЈА

    СРПСКИОТ МИНИСТЕР ДАРКО ГЛИШИЌ ДОЖИВЕА МОЗОЧЕН УДАР ДОДЕКА ГОСТУВАШЕ НА ТЕЛЕВИЗИЈАГлишиќ е еден од најблиските соработници на Александар Вучиќ (Фото: Н1)

    Српскиот министер за јавни инвестиции Дарко Глишиќ е превезен во болница во тешка состојба откако му се слоши додека гостуваше на телевизијата „Пинк“ утрово. Министерот за здравство Златибор Лончар изјави дека Глишиќ доживеал мозочен удар.

    „Му се слоши во телевизиска емисија и превезен е во болница во исклучително тешка состојба, без свест. Ќе биде применето се со што располага медицината. Ова сите не потресе“, кажа Лончар.

    Глишиќ гостуваше во утринската програма на „Пинк“ кога му се слоши, по што преносот беше прекинат.

    Дарко Глишиќ е еден од најблиските соработници на српскиот претседател Александар Вучиќ и висок функционер на Српската напредна партија, чиј член е од основањето во 2008. За министер за јавни инвестиции беше назначен во мај 2024.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира