ГЕРМАНСКИ ДРЖАВЈАНИН УСЛОВНО ОСУДЕН И ПРОТЕРАН ОД ДРЖАВАТА ПОРАДИ ВЕЕЊЕ ЗНАМЕ НА „ГОЛЕМА АЛБАНИЈА“ ПРЕД НАТПРЕВАРОТ НА ШКЕНДИЈА СО КАРАБАХ

    ГЕРМАНСКИ ДРЖАВЈАНИН УСЛОВНО ОСУДЕН И ПРОТЕРАН ОД ДРЖАВАТА ПОРАДИ ВЕЕЊЕ ЗНАМЕ НА „ГОЛЕМА АЛБАНИЈА“ ПРЕД НАТПРЕВАРОТ НА ШКЕНДИЈА СО КАРАБАХСпоред обвинението, германскиот државјанин, истакнувајќи го знамето со натпис „Автохтона“, предизвикал чувство на омраза и нетрпеливост по етничка основа. - Публика на натпреварот Шкендија-Карабах (Фото: Шкендија)

    Германски државјанин е експресно осуден и протеран од Македонија со забрана за влез во следните пет години, откако на 5 август, пред фудбалскиот натпревар меѓу Шкендија и Карабаг, веел знаме на „Голема Албанија“, соопшти обвинителството.

    Основното јавно обвинителство Скопје, по итна постапка поднесе обвинение за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.

    Според обвинението, германскиот државјанин, истакнувајќи го знамето со натпис „Автохтона“, предизвикал чувство на омраза и нетрпеливост по етничка основа. Тој веднаш бил забележан и уапсен од страна на полициските службеници.

    По брзата координација меѓу полицијата и обвинителството, Основниот кривичен суд во Скопје донесе пресуда со која го прогласи обвинетиот за виновен. Изречена му е условна казна затвор од две години, која нема да се активира доколку во наредните пет години не направи ново кривично дело. Судот, исто така, донесе одлука за негово протерување и му изрече забрана за влез во државата во траење од пет години.

    На првиот меч од третото квалификациско коло од Лигата на шампиони, Шкендија во Скопје загуби од азербејџанскиот тим со 1:0.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира