ГЛУМЕЛ ДЕКА Е ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ, ПА НА ГРАЃАНИН МУ ЗЕЛ 24.000 ЕВРА ЗА ДА БИДЕ ИЗЗЕМЕН ОД НАВОДНО ОБВИНЕНИЕ

    ГЛУМЕЛ ДЕКА Е ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ, ПА НА ГРАЃАНИН МУ ЗЕЛ 24.000 ЕВРА ЗА ДА БИДЕ ИЗЗЕМЕН ОД НАВОДНО ОБВИНЕНИЕЈавен обвинител од ОЈО Скопје, постапувајќи по кривичната пријава од МВР против едно лице за кривично дело – Измама, денеска од Судот побара притвор. - Осомничениот се претставувал дека е министерот Панче Тошковски (Фото:СДК.МК)

    Претставувајќи се еднаш дека е Панче Тошковски, друг пат обвинител, измамник за кој МВР и Обвинителството не даваат подетални информации, во периодот од 15.07.2025 до 28.07.2025 година уверувал лице дека против него ќе биде поведена судска постапка ако не исплати околу 1.500.000 денари (над 24.000 евра).

    Оштетеното лице, во четири наврати на различни локации во Скопје, му ги дало на осомничениот побараните парични средства.

    „Познавајќи го оштетеното лице од минатото, во повеќе наврати од различни телефонски броеви, претставувајќи се во име на министерот за внатрешни работи и тројца јавни обвинители, преку пораки го контактирал осомничениот и ги барал од него паричните средства со цел да биде изземен од обвинение, односно да не биде спроведена постапка против него. Јавниот обвинител донесе одлука да поведе истрага за изнуда, бидејќи од преземените дејствија на осомничениот произлегува дека тој користел сериозна закана да го присили оштетениот да стори нешто на штета на својот имот. За ова дело е предвидена построга затворска казна која изнесува најмалку една година, а може да биде изречен и законскиот максимум“, се закани Обвинителството за ова сериозно кривично дело.

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице за кривично дело – Измама, денеска ги разгледа наводите и прибавените докази, по што против осомничениот одлучи да поведе истрага за продолжено кривично дело – Изнуда по член 258 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

    Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира