„МОЈ ТЕРМИН“ НЕ РАБОТИ, ДИРЕКТОРОТ ШАБАНИ ВЕЛИ ДЕКА СЕ ИСТРАЖУВА ЗОШТО СИСТЕМОТ Е УСПОРЕН

    „МОЈ ТЕРМИН“ НЕ РАБОТИ, ДИРЕКТОРОТ ШАБАНИ ВЕЛИ ДЕКА СЕ ИСТРАЖУВА ЗОШТО СИСТЕМОТ Е УСПОРЕНСе создаде многу нервоза, многу пациенти, лош почеток на работата недела, вели д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари на Македонија (ЗПЛМ).

    Системот за закажување прегледи „Мој термин“ денеска не работи или е многу успорен во целава земја. Без исклучок, состојбата е иста и во примарна и секундарна здравствена заштита.

    „После продолжен викенд, кога има секогаш наплив на пациенти, ‘Мој темин’ не функционираше. Не можевме да ги прегледаме пациентите не по наша вина, а тие незадоволството го искажуваа кон нас. Не можевме да ги пратиме на специјалист, да пишеме лекови, да одат на проверка на крвна слика. Се создаде многу нервоза, многу пациенти, лош почеток на работата недела“, вели д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари на Македонија (ЗПЛМ).

    Слична била состојбата и кај докторите во Велешката болница, пациенти кои имале закажано не можеле да бидат прегледани, а на онкологија не се работеат тумор маркери.

    Чолакова-Дервишова реагирала до директорот на системот „Мој термин“ Фикрет Шабани. Тој потврди дека се судруваат со проблем, но за разлика од матичните лекари кои велат дека системот не фукнционира, тој вели дека работи.

    „Имавме проблем од утрово со ‘Мој термин’, кој беше успорен. Тоа е од таму, каде е целиот систем, во факултетот ФИНКИ. Се работи да се пронајде проблемот. ‘Мој термин’ работи, но многу успорено. Установи, пациенти немаат трпение да чекаат. Очекуваме извештај од ФИНКИ каде се наоѓаат серверите, да видиме во што е проблемот. Водиме постапка за нов дата центар“, кажа Шабани.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира