СЈО ЈА ОБЖАЛИ ОДЛУКАТА НА СУДОТ ЗА КОЧАН, ПРВООСОМНИЧЕН ВО „ТРУСТ“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЈО ЈА ОБЖАЛИ ОДЛУКАТА НА СУДОТ ЗА КОЧАН, ПРВООСОМНИЧЕН ВО „ТРУСТ“

    Специјалното јавно обвинителство го обжали решението на судијата на претходна постапка за неизрекување на мерка притвор за првоосомниченото лице во предметот „Труст“, соопшти СЈО, откако Основниот суд Скопје 1 денеска го одби барањето на СЈО за одредување мерка притвор за Сеад Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“.

    За второосомничениот Василије Авировиќ, Судот го прифати барањето на СЈО за одредување мерки на претпазливост – Забрана за воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица и Забрана за преземање определни работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

    СЈО во вторникот поднесе барање до Судот за притвор за Сеад Кочан, управител на „Трансмет“, со образложение дека постои опасност осомничениот да ги уништи доказите или да креира фалсификати во тендерската документација, која СЈО ја посочи како доказ.

    СЈО отвори истрага против правните лица „Трансмет“, „Силекс неметали СТ“ и „ВАТО“ од Студеничани за фалсификувани документи за учество на тендер на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ). Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи во вторникот на прес-конференција изјави дека ЕЛЕМ им овозможил на конзорциумот од овие три фирми да остварат противправна имотна корист во износ од една милијарда денари или околу 17 милиони евра. Станува збор за јавна набавка за ископ на јаловина во рудникот Суводол во ноември 2011.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира