ВОДИТЕЛ НА „ФОКС“ ПОВИКА ЗГРАДАТА НА ОН ДА СЕ БОМБАРДИРА ОТКАКО НА ТРАМП МУ СЕ РАСИПАА ЕСКАЛАТОРОТ И ТЕЛЕСУФЛЕРОТ

    ВОДИТЕЛ НА „ФОКС“ ПОВИКА ЗГРАДАТА НА ОН ДА СЕ БОМБАРДИРА ОТКАКО НА ТРАМП МУ СЕ РАСИПАА ЕСКАЛАТОРОТ И ТЕЛЕСУФЛЕРОТЏеси Вотерс заклучи дека службеници на ОН ги саботирале ескалаторот и телесуфлерот (Фото: Гети)

    Долгогодишниот водител на „Фокс њуз“ Џеси Вотерс кажа дека зградата на Обединетите нации треба да се бомбардира откако Доналд Трамп се соочи со проблеми со ескалаторот и телесуфлерот на првиот ден од заседанието на Генералното собрание. Вотерс заклучи дека службеници на ОН ги саботирале ескалаторот и телесуфлерот, опишувајќи го тоа како бунт.

    Она што треба да го направиме е или да излеземе од Обединетите нации или да ги бомбардираме. Седиштето е во Њујорк, така?. Можеби сепак може да им пуштиме гас“, вели Вотерс, додека гостите во неговото шоу се смеат.

    Вотерс продолжи дека зградата треба да се уништи.

    Сите нека излезат, па да ја уништиме“, кажа тој.

    Од Обединетите нации кажаа дека во двата случаи бил виновен тимот на Трамп. Ескалаторот наеднаш запре кога Доналд и Меланија Трамп стапнаа на него, откако, како што било утврдено, неговиот видеографер случајно го притиснал безбедносниот механизам. Пред да го почне говорот на Генералното собрание, на Трамп му откажа и телесуфлерот, со кој управувал некој од Белата куќа.

    Додека Трамп се шегуваше со техничките дефекти, портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит, не го прифати тоа толку лесно.

    Ако некој во ОН намерно го запрел ескалаторот кога претседателот и првата дама стапнаа на него, тогаш треба да има истрага и некој треба да добие отказ“, рече Ливит.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира