НИКОЛ КИДМАН И КИТ УРБАН СЕ РАЗДЕЛИЈА ПО 19 ГОДИНИ БРАК

    НИКОЛ КИДМАН И КИТ УРБАН СЕ РАЗДЕЛИЈА ПО 19 ГОДИНИ БРАКПричината за разделбата засега не е позната (Фото: Гети)

    Никол Кидман и Кит Урбан се разделиле по речиси 20 години брак, изјави еден извор за Би-Би-Си. Двојката има две деца, ќерките Сандеј Роуз (17) и Фејт Маргарет (14).

    Оскаровката и кантри пејачот се венчаа во март 2006. Сајтот ТМЗ прв објави дека тие не живеат заедно уште од летоска, но Кидман не сакала развод. Причината за разделбата засега не е позната.

    Двајцата наградувани уметници, кои имаат потекло од Австралија, имаа подеми и падови во повеќе од две децении врска. Меѓусебно се поддржуваа и заедно се појавуваа на јавни настани, а Кидман кажа дека борбите на Урбан со зависностите, од кои се лекуваше, само ја зајакнаа нивната врска.

    Кидман претходно беше во брак со актерот Том Круз, од кого се разведе во 2001 откако добија два деца.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира