АКТЕРКАТА ТЕУТА АЈДИНИ-ЈЕГЕНИ, ДИРИГЕНТКАТА ЛЕТКА ДИМОВСКА-ПОЛИЗОВА, ПРОДУЦЕНТОТ ИВО ЈАНКОСКИ И ПРОФЕСОРИТЕ КОНСТАНТИН ДИМИТРОВ И ГЛИГОР ЈОВАНОВСКИ ДОБИЈА „11 ОКТОМВРИ“ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО

    АКТЕРКАТА ТЕУТА АЈДИНИ-ЈЕГЕНИ, ДИРИГЕНТКАТА ЛЕТКА ДИМОВСКА-ПОЛИЗОВА, ПРОДУЦЕНТОТ ИВО ЈАНКОСКИ И ПРОФЕСОРИТЕ КОНСТАНТИН ДИМИТРОВ И ГЛИГОР ЈОВАНОВСКИ ДОБИЈА „11 ОКТОМВРИ“ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛОАјдини-Јегени, Димовска-Полизова и Јанкоски се наградени за животно дело во културата и уметноста. (Фото: Македонски ИТИ Центар/ Филхармонија/СДК. МК)

    Актерката Теута Ајдини-Јегени, хорската диригентка проф. Летка Димовска-Полизова и продуцент промотор на македонската уметност Иво Јанкоски се годинашни добитници на државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста , соопшти Министерството за култура. Државната награда „11 Октомври“ е највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Македонија.

    За животно дело во областа на науката и образованието, наградата им се доделува на машинскиот инженер проф. д-р Константин Димитров  и на хемичарот и академик Глигор Јовановски.

    Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 Октомври во 12 часот во Собранието.

    Претседател на Одборот за државната награда „11 Октомври” е проф. д-р Светозар Антовиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира