ИНДИЈА СЕ СОГЛАСИ ДА ПРЕСТАНЕ ДА КУПУВА РУСКА НАФТА, РЕЧЕ ТРАМП

    ИНДИЈА СЕ СОГЛАСИ ДА ПРЕСТАНЕ ДА КУПУВА РУСКА НАФТА, РЕЧЕ ТРАМПИндискиот премиер Моди со месеци се спротивставуваше на притисокот на Трамп (Фото: АП)

    Доналд Трамп изјави дека Индија се согласила да престане да купува руска нафта, додека САД се обидуваат да извршат економски притисок врз Кремљ и да го натераат на преговори со Украина. Трамп кажа дека добил уверувања од индискиот претседател Нарендра Моди дека неговата земја ќе престане да купува руска нафта за брзо време, опишувајќи го тоа како голем чекор.

    Индија не може веднаш да запре со испораките, тоа ќе биде процес, но процес што брзо ќе заврши“, кажа Трамп.

    Тој во август ѝ воведе царини од 50% на Индија поради купувањето нафта и оружје од Русија. Моди со месеци му се спротивставуваше на Трамп, тврдејќи дека Индија има неутрален став кон војната во Украина.

    Реагирајќи на изјавите на Трамп, портпаролот на индиската влада кажа дека разговорите со американската влада се во тек и дека САД покажале интерес за продлабочување на енергетската соработка со Индија.

    Кина, Индија и Турција се некои од најголемите увозници на руските нафта и гас и западните земји велат дека Русија со овие приходи ја финансира својата војна против Украина.

    Сега уште треба да ја убедам Кина да го направи истото“, рече Трамп.

    САД ја притискаат и Јапонија да престане да купува руски енергенси.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира