Кандидатот за градоначалник на скопската Општина Чаир од коалицијата Вреди, Изет Меџити, вечерва прогласи победа уште во првиот круг од локалните избори. На прес-конференција во партискиот штаб, актуелниот прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, изјави дека убедливo го победил неговиот противкандидат од ДУИ, поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи.
„Тука сме во Чаир да ја прогласиме убедливата победа уште во првиот круг“, изјави Меџити.
Тој додаде дека очекува победа во прв круг или сигурно водство и во повеќето други општини со мнозинско албанско население.
Меџити, кој во минатото беше истакнат член на ДУИ и градоначалник на Чаир, влезе во оваа изборна трка како лидер на Демократското движење, партија која ја формираше во 2023 и која е дел од владината коалиција Влен.
Денеска во Македонија се одржа првиот круг од редовните локални избори.