Телекомуникациската кула на Водно во Скопје, која Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) почна да ја гради во 2013, ќе биде готова до крајот на јануари 2026. Градежните работи за завршени и останува уште да се изведат приклучоците за струја и да се добијат потребни дозвола за технички прием.
Објектот е централно армиран бетонски столб на кој има четири конзолни платформи и челично решеткаст столб, а на врвот ќе има антена. На платформите ќе има канцелариски простор и ќе биде сместена целата опрема.
Во кулата ќе биде сместена софистицирана опрема со помош на која АЕК ќе може да прави мониторинг на сите емитувања на радиофреквенции што ги користат операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и услуги, јавниот радиодифузен сервис и трговските радиодифузни друштва, авионавигацијата, функционалните системи. Со тоа е планирано да се намалат можностите од појава на разни пречки.
На врвот на телекомуникациската кула, која е висока 155 метри, ќе има панорамски ресторан.
„Откако ќе биде пуштена кулата во употреба и ќе почне со работа ќе се распише јавен повик за избор на фирма која ќе го стопанисува ресторанот“, велат од АЕК.
Изведувач на градежните работи е градежното претпријатие „Гранит“. Вредноста на договорот за градежни работи е околу 18 милиони евра.
А. АНТЕВСКА