ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ НЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ НАПРАВИ ПОМОР НА РИБИТЕ ВО РЕКАТА ТОПОЛКА КАЈ ВЕЛЕС

    ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ НЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ НАПРАВИ ПОМОР НА РИБИТЕ ВО РЕКАТА ТОПОЛКА КАЈ ВЕЛЕСПоморот се случи во утрото на 19 јуни. (Фото: СДК.МК)

    Четири месеци нема информации за потенцијалниот виновник за поморот на риба и загадувањето на реката Тополка, кое се случи летово. На денот на поморот рано утрото на 19 јуни, на местото на вливот на Тополка во Вардар беше и државниот еколошки инспектор од Кавадарци. Тој веднаш рече дека сите информации да се бараат од велешкото Јавно обвинителство. ОЈО Велес и по четири месеци не го добил нарачаното вештачење.

    „Вештачењето е сѐ уште во тек, а целосниот извештај не е доставен со јавниот обвинител“, ни одговорија кратко од ОЈО Велес.

    За поморот на риби алармираа велешките риболовци кои во тие моменти биле покрај брегот на реката. Имаше и бела пенеста материја која течеше по површината. Имаше угинато клен, мрена, кркушка. Поморот бил регистриран на реката Тополка од кај Затворот кај Оризари па низводно.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира