Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, победи во вториот круг од локалните избори за градоначалник на Скопје. Според речиси конечните резултати на Државната изборна комисија, по преброени 99,19% отсто од гласовите, Ѓорѓиевски освоил 94.892 гласови, наспроти Амар Мециновиќ од Левица, кој добил поддршка од 60.724 граѓани.
Иако победата на Ѓорѓиевски е со значителна разлика, бројот на освоени гласови е помал од оној со кој победи Данела Арсовска во 2021 година, кога беше поддржана токму од ВМРО-ДПМНЕ. Арсовска тогаш освои 118.749 гласови.
Бројот на неважечки ливчиња во вториот круг е 10.333.
Споредено со првиот изборен круг, Ѓорѓиевски ја зголемил својата поддршка за околу три илјади гласови, откако тогаш освои 91.663. Од друга страна, Мециновиќ речиси го дуплирал бројот на гласови во вториот круг, откако во првиот за него гласаа 30.665 граѓани.
Во Град Скопје се регистрирани 474.304 гласачи.



