ЗА ДЕВЕТ МЕСЕЦИ НА ПАТАРИНИТЕ НАПЛАТЕНИ 58 МИЛИОНИ ЕВРА

    ЗА ДЕВЕТ МЕСЕЦИ НА ПАТАРИНИТЕ НАПЛАТЕНИ 58 МИЛИОНИ ЕВРАНајпрофитабилна е наплатната станица Романовце, а најниски се приходите на Кадрифаково. (Фото: СДК.МК)

    За девет месеци, односно од јануари до септември годинава, на патарините низ државата наплатени се 58 милиони евра, соопшти Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

    Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесувал 401.971.971 денар, а во летните месеци, кога е највисока фреквенција на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни.

    Најпрофитабилна е наплатната станица Романовце, а најниски се приходите на Кадрифаково.

    Од ЈПДП велат дека електронската наплата достигнала 35 проценти. Во подготвителна фаза е најавениот проект за надополнување на МТаг и Мкард и, како што велат од ЈПДП, се очекува во блиска иднина да започне малопродажбата на МТаг уредите преку правни лица низ целата држава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира