НЕОПХОДЕН Е ЦЕНТАР ЗА ВОДЕЊЕ РИЗИЧНИ БРЕМЕНОСТИ, РЕКОА НЕОНАТАЛОЗИТЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПРЕДВРЕМЕ РОДЕНИТЕ БЕБИЊА

    НЕОПХОДЕН Е ЦЕНТАР ЗА ВОДЕЊЕ РИЗИЧНИ БРЕМЕНОСТИ, РЕКОА НЕОНАТАЛОЗИТЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПРЕДВРЕМЕ РОДЕНИТЕ БЕБИЊАД-р Марина Поп Лазарова, д-р Спасевска, д-р Наунова-Томовска и д-р Катерина Дамевска , директорка на Кожната клиника на денешниот панел во Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Успешните приказни на предвреме родените бебиња нѐ обликуваат и како лекари и како луѓе, а во нивниот третман најважно е да има добра координација и добра организација, рече д-р Силвана Наунова-Тимовска од Клинката за детски болести на денешната панел-дискусија во чест на 17 ноември, Светскиот ден на предвреме родени деца.

    Годинава мотото на Светскиот ден е „Силен почеток за посветла иднина“, а на панел-дискусијата во организација на „Бекутан“ и „Алкалоид“ во Скопје говореа педијатри, неонаталози и родители на предвреме родени деца.

    „Да се работи со предвремено родени деца претставува еден исклучително необичен многу длабок предизвик кој што е професионален и човечки и кој може да го доживее еден лекар. Да се биде дел од почеток на еден живот кој започнува порано и продолжува понатаму е потсетник чудата се возможни и секој нивен напредок претаствува голема награда за нас здравствените работници. Велиме дека составен дел од нашата работа е стравот, стресот, неизвесноста бидејќи пред нас се големи одлуки и од тие одлуки зависи и иднината на бебебто и на семејство. Оние моменти кога ќе го видиме она бебе кое не можело да дише се бори за секој здив сега е веќе дома,  е најголемата мотивација која  нѐ исполнува и ни покажува дека се исплати секоја непроспиена ноќ, секој труд и дилема“, рече д-р Наунова-Тимовска од Детската клиника.

    Според д-р Симонида Спасевска од приватна болница, потребен е мултидисциплинарен пристап во водење на секоја бременост, особено ризичните бремености, Центар за водење ризична бременост и анулирање на сите фактори кои може да доведат до ризична бременост, фактори кои ја следат ризичната бременост и може да доведат до предвремено породување.

    „Превенцијата е прво, а второ адекватен, современ третман, брз и ефикасен за на овие бебиња им се овозможи брза стабилизација и не само да се насочуваме само во насока на спасување на животот, туку и стабилизација на состојбата за понатаму на бебето да му овозможиме квалитетен живот“, кажа д-р Спасвска.

    Според Наунова-Тимовска, многу е важна таа мултидисциплинарна соработка.

    „Многу е важно соодветно организирање на транспортот, бидејќи е најважно секое дете да добие еднаква шанса за живот. Така што ако е родено во центар каде што има помали можности, треба да се овозможи негово транспортирање, најдобро е транспортот да биде направен ин утеро, мајчината утроба е најдобриот инкубатор, таа му пружа најдобра грижа на детето. Тоа значи додека жената е сѐуште бремена, се пренесува до Клиниката за гинекологија и акушерство како највисока терцијарна установа во државата. Доколку се роди во друга здравствена установа која нема такви можности, тогаш се пренесува со специјален транспортен сервис, екс утеро, до клиниката за Детски болести, до одделението за интензивна нега и терапија каде што се пружа соодветна нега и грижа за овие предвремено родени бебиња“, кажа таа.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира