Италија, Данска, Турција и Украина се можните противници на македонската фудбалска репрезентација во плеј-офот за Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико. Македонија ги заврши квалификациите со тешкиот пораз од Велс од 7:1, што ѝ го донесе третото место во групата.
Поради тоа, Македонија ќе биде сместена во најслабо рангираниот четврти шешир на утрешната ждрепка за двојките од плеј-офот, што ќе се одржи од 13 часот.
Со победа или реми против Велс, Македонија ќе имаше нешто полесен пат до мундијалот, но својата шанса ќе ја бара преку Лигата на нации.
Во вториот шешир се Полска, Велс, Чешка и Словачка, чии можни противници се селекциите од третиот шешир, Република Ирска, Албанија, БиХ и Косово.
Полуфиналните мечеви од плеј-офот се играат на 26 март, кога Македонија нема да биде домаќин, а финалните на 31 март.



