ДАНОЧНИТЕ ВЛАСТИ ПОЧНАА ИСТРАГА ЗА ДОКУМЕНТИТЕ ОД ПАНАМА

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:214:"Австралискитеданочнивластисоопштијадекаќеистражуваатповеќеод800богатиклиентинаадвокатскатаканцеларија.";s:9:"td_source";s:14:"Ројтерс

    ДАНОЧНИТЕ ВЛАСТИ ПОЧНАА ИСТРАГА ЗА ДОКУМЕНТИТЕ ОД ПАНАМА

    Францускиот претседател Франсоа Оланд денес изјави дека протекувањето на “Панама документите” со кои се откриваат потенцијалните офшор даночни затајувања, се добри вести што ќе помогнат да се зголемат даночните приходи, јави агенцијата “Ројтерс”.
    “Можам да ве уверам дека, како што се појави во информациите, истраги ќе се вршат, ќе се отворат случаи и ќе има судења”,изјави Оланд на маргините на посетата на една компанија во париско предградие.
    “Овие откритија се добри вести, бидејќи ќе ги зголемат даночните приходи од оние што извршиле измама”.
    Протекувањето на огромен број документи за офшор компании во Панама откри финансиски тајни на голем број политичари, ѕвезди и криминалци. Тие долго време, преку адвокатска канцеларија, криеле финансиски сметки и друго богатство.
    Даночните власти во Австралија и во Нов Зеланд почнаа истрага на локалните клиенти кои имале бизнис со компанија во Панама, откако вчера излегоа 11,5 милиони документи од адвокатската фиема Мосак Фонеска.
    Австралиските даночни власти соопштија дека ќе истражуваат повеќе од 800 богати клиенти на адвокатската канцеларија.
    Во документите со кои располагаат медиуми во цел свет, меѓу нив и германските „Зиддојче цајтунг“, НДР и ВДР, се појавуваат имиња на милијардери, политичари, спортисти, трговци со оружје, шпиони и измамници. Меѓу другите, офшор компании има на имиња на блиски соработници на рускиот претседател Владимир Путин и на украинскиот рпетседател Петро Порошенко.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира