Најмалку четворица луѓе загинаа откако голем пожар зафати неколку станбени висококатници во Хонгконг. Се верува дека огнот се проширил преку бамбусовите скелиња поставени на надворешната на зградите, кои биле во фаза на реновирање. Меѓу загинатите е и еден пожарникар.
Станбениот комплекс „Ванг Фук Корт“ се состои од 1.984 станови, во кои живеат околу 4.600 луѓе. Локалните медиуми објавија дека има заглавени луѓе во зградите, додека пожарникарите не можеа да потврдат колку луѓе би можело да има внатре.
Владата на Хонгконг прогласи петто ниво на пожар, што е највисокото ниво и кажа дека неколкумина повредени се во сериозна состојба.



