ОД 1 ФЕВРУАРИ ЌЕ ПОЧНЕ КАЗНУВАЊЕТО ЗА СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ СНИМЕНИ СО КАМЕРИТЕ НА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“

    ОД 1 ФЕВРУАРИ ЌЕ ПОЧНЕ КАЗНУВАЊЕТО ЗА СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ СНИМЕНИ СО КАМЕРИТЕ НА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“Во потврдата за одложувањето, МВР вели дека „Безбеден град“ во февруари ќе започне да работи од 1 февруари 2026 во Скопје, Тетово и Куманово, како и на делници од автопатските Kоридори 8 и 10. (Фото: СДК.МК)

    Системот за санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ официјално ќе започне да функционира од 1 февруари 2026, потврди Министерството за внатрешни работи (МВР) за „360 степени“.  Системот во пробна работа беше ставен во Скопје на 1 декември, и беше најавено дека казнувањето ќе стартува од јануари 2026.

    Во потврдата за одложувањето, МВР вели дека „Безбеден град“ во февруари ќе започне да работи од 1 февруари 2026 во Скопје, Тетово и Куманово, како и на делници од автопатските Kоридори 8 и 10.

    Можноста за одложување неодамна ја најави министерот Панче Тошковски, по стартот на тест периодот, кој укажа дека на повеќе функционалности ќе им треба унапредување.

    Системот ќе функционира со фиксни камери, кои ќе регистрираат брзина на движење, поминување на црвено светло и нерегистрирани возила, а ќе биде дополнет и со специјализирани полициски возила опремени со уреди за снимање, кои ќе се движат низ градовите и ќе документираат непрописно паркирање и други прекршоци.

    На 1 декември, во првите 12 часа од пробното снимање на улиците беа регистрирани 65.000 сообраќајни прекршоци, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Од нив, за поминување на црвено светло се 2.800 прекршоци, а нерегистриран автомобил возел 1.000 граѓани.

    Прекршителите во текот на месецов, а со одложувањето и во јануари, нема да бидат казнувани туку ќе добиваат само опомени дека направиле прекрошок.

    Кога системот ќе биде во целосно пуштен во употреба, сопствениците на возилата за кои е утврден прекршок ќе добиваат СМС порака и е-пошта со линк за преземање записник со платен налог. Прекршоците ќе можат да се платат електронски, а при навремено плаќање нема да се наплаќаат дополнителни трошоци. За одредени прекршоци за кои е пропишана и мерка забрана за управување со возило, МВР ќе поднесува барање за поведување постапка до надлежен суд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира