ЈОВАНА ТРЕНЧЕВСКА И АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ

    ЈОВАНА ТРЕНЧЕВСКА И АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМНа денешната седница на Централниот одбор избрано е новото раководство на партијата и членови на Извршниот одбор.(Фото: СДСМ)

    Пратеничката Јована Тренчевска и доктор Александар Трајановски се нови потпретседатели на СДСМ. Како што кажа лидерот на СДСМ Венко Филипче на денешната седница на Централниот одбор, избрано е новото раководство на партијата и членови на Извршниот одбор. Генерален секретар останува Александар Димитријевиќ, како и организациски секретар Љупчо Фармаковски.

    „Овој тим влегува во храбра и одлучна борба против оваа ненародна, криминогена и корумпирана власт на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ. Ние сме тие кои ќе стават крај на политиката на изолација на државата. Ние сме тие кои ќе стават крај на криминалот и корупцијата во државата и на предавството на националните интереси на државата преку носење на мигранти“, рече Филипче.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира