Државната комисија за спречување на корупцијата утврдила дека Данела Арсовска, Орце Ѓорѓиевски и уште 34 градоначалници по престанокот на функциите не поднеле изјава за имотната состојба. Исто така и 19 новоизбрани градоначалници, на чело со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, не ја исполниле оваа законска обврска.
За првите треба да се види дали и колку се збогатиле од функцијата, истото важи и за новоизбраните, мора да се знае од колкав имот стартуваат.
Покрај Ѓорѓиевски, во двете категории ги има и градоначалникот на Бутел Дарко Костовски, Андон Сарамандов на Гевгелија, Кутро Дудуш и други.
Согласно со член 82 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси сите избрани градоначалници на Локалните избори 2025 година имаат обврска, најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот, да поднесат изјава за имотна состојба и интереси.
Исто така, согласно со член 82 став 3 од наведениот закон, по престанокот на функцијата градоначалник, истите имаат обврска да поднесат изјава за имотна состојба.
За овие 54 бивши и сегашни градоначалници Антикорупциската комисија ќе иницира постапки согласно закон, со издавање прекршочен платен налог.
С. К. ДЕЛЕВСКА



